Најчесто поставувани прашања
Benjo паметната платформа нуди едноставна интеграција со системите за наплата. Откако полнењето е завршено, услугата може да се плати на различни начини - RFID картичка, мобилна апликација или банкарска картичка.
Benjo услугите се наменети за секого кој сака да биде иновативен; за оние кои сакаат да ја прошират својата деловна понуда, односно да ја зголемат видливоста на своето работење. Бензински станици, гаражи и паркиралишта, автосалони, транспортни флоти, туристички и деловни комплекси, производители на полначи - трката започна, зафатете го своето место.
Да, секако. Бројот на електричните возила постојано расте - се предвидува дека до 2030 година ќе има над 200 милиони електрични возила. Освен тоа, најголемите производители на автомобили веќе најавија дека ќе престанат со производство на возила на фосилни горива.
Една од најважните разлики меѓу AC и DC полначите е времето потребно за целосно полнење на електричното возило. Додека времето на полнење кај AC полначите се мери во часови, DC полначите овозможуваат пријатно полнење за само неколку минути. Се разбира, во зависност од вашите потреби и потребите на вашите клиенти, важно е да се избере соодветен модел и моќност на полначот - без грижа, нашиот тим од експерти ќе ви помогне во тоа.
Да, постојат два стандардни конектора - Type1 и Type2. Добра вест е дека Type2 стана пазарен стандард и носи светла иднина за полнењето на електричните возила.
Open Charge Point Protocol (OCPP) е отворен комуникациски стандард меѓу полначите за електрични возила и паметните платформи за управување. Тој ни помага непречено да нудиме услуги за полнење ширум светот. Да, Benjo паметната платформа е заснована на OCPP протоколот.
EV роамингот е едноставен начин да ја понудите вашата мрежа на полначи на глобално ниво. Возачите можат да користат станици за полнење низ целиот свет само со една корисничка сметка - нема потреба од дополнителни апликации ниту картички.
Benjo паметната платформа ви нуди едноставен и сигурен начин за управување со вашата мрежа на полначи од далечина. Наплата, следење на трансакции, интеракција со корисниците, богата статистика, конфигурација и дијагностика, роаминг и многу повеќе.